Nacionalen identitet (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 14 | Nivo: Filozofski fakultet

Етничката група е чест поим во општествените науки, пред се во англиските и американските, а означува група на луѓе кои делат заеднички идентитет врз основа на иста култура, традиција, регион, историја, ист јазик, етничко потекло и други особености. Етникум е компактна етничка/ човечка заедница, втемелена врз заедништво на етноси, специфични вредности и врз историскиот континуитет; тие имаат специфична етничка свест (идентитет) и име според кое се препознаваат (етноним), а во системот на мнозинските етникуми можат да се наоѓаат субетникуми и субетнички групи кои делат темелни вредности и карактеристики на етникумите во рамките на кои се наоѓаат.
Севкупниот историски развој се темели пред се на културната и етничката разновидност и општествениот плурализам. Речиси не постои регион или држава која е етнички чиста и хомогена („единство на крвта и потеклото“).
Во овој контекст треба да се нагласи дека првобитните прото-етникуми, етничките групи и етничките идентитети, според своето настанување се постари историски појави од нациите и националните идентитети.
Нациите, како целовити национални заедници, и националните идентитети (се работи за масовни колективитети) се модерни феномени, „родени“ во епохата на Модерната и модерното општество, од крајот на 18-от век па наваму, а настануваат во текот на сложените процеси на модернизација, интеграција и трансформација на човековото општество во Новиот век, во текот на изградбата на масовните колективитети во кои луѓето меѓусебно се здружуваат во нови макро целини- јазички, културни, образовни, политички, економски, социјални итн.
Помеѓу научниците постои согласност дека поранешните употреби на поимот нација, во Средниот и раниот Нов век, значеле нешто сосема друго: поимот на нацијата означувал мали локални татковински здруженија, екипи, групи или подгрупи во рамките на поголеми човечки групи на некој простор. Дури во текот на 19-от и 20-от век феноменот на модерната нација и нација- држава и на национализмот и новите колективни национални идентитети стануваат средишни историски појави во кои настануваат модерните процеси на интеграција во книжевниот јазик, јазикот на писменоста и образованието, новите јазички заедници, јазичкиот идентитет, школството и образованието, високата култура, индустрискиот капитал и паричните установи, националниот пазар, новиот политички систем, модерните национални институции (политички, културни, економски, образовни итн.), социјалните односи итн.
Меѓутоа, и по изградбата на модерната нација постојат и натаму се изградуваат субетникуми и субкултури и етнички идентитети. Со други зборови, и етникумите и етничките групи и етничките идентитети постојано се менуваат и трансформираат и во современиот свет, при што настанвуаат нови, модерни општествени системи што, пак, влијае врз промената на нивниот идентитет.
Нациите и националните заедници и националните идентитети, како современи историски појави, се модерни феномени. Настануваат и се изградуваат, со текот на социјалните промени и процеси кои долго траат, во епохата на Модерната и модерното општество, и тоа не само како индивидуални и групни идентитети, туку и како модерни национални колективитети, што ќе рече и како колективни идентитети. И модерните нации и модерните етнички и национални идентитети и модерните етнички и национални колективитети и колективните идентитети се појавуваат во Европа на крајот од 18-от, а се изградуваат и постојано се менуваат во текот на 19-от и 20-от век.

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!